Чоколадна торта

ЗА ФИЛ
8 јајца
200 г шеќер
200 мл вода
100 г чоколадо
100 г какао
250 г маргарин
200 г шеќер во прав
ЗА ПАНДИШПАН
100 г шеќер
4 лажици брашно
4 лажици лебни трошки
1 прашок за печиво
Варете ги водата, чоколадото, какаото и 200 шеќер додека смесата не се згусне, и оставете да се излади. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав и жолчките. Додадете ја изладената смеса и изматете го филот.
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, лебните трошки, прашокот за печиво и 4 лажици од филот. Измешајте ја смесата,  нанесете ја во тава и испечете пандишпан. Исечете го на 3 ленти и филувајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.