Потребни состојки:
2 јајца
3 големи лажици путер
4 големи лажици шеќер
1 шолја млеко
1 и пол шолја брашно
1 шолја кокосово брашно
1 голема лажица какао во прав
Прстофат сол
2 лажички прашок за печиво
Начин на подготовка:
Растопете го путерот. Во сад изматете јајца со шеќер и сол. Додајте го растопениот путер и промешајте. Во брашното додајте прашок за печиво, какао и кокос. Оваа смеса додајте ја во јајцата и промешајте додека да се соединат состојките.
Ако забележите дека смесата ви е премногу ретка или густа, додајте брашно или млеко. Испржете ги палачинките, а потоа прелијте ги со чоколадо, карамела или друг додаток по желба.