Српскиот пејач Аца Лукас дефинитивно нема да може да ја одржи турнејата во Австралија затоа што визата по втор пат не му е одобрена и покрај тоа што испратил доказ дека не е кривично осудуван во Србија.
– На сите наши луѓе таму им испраќам голем поздрав и жалење што стоките не ни овозможија да се дружиме. А, стоките, кои од овде агитирале преку своите секташки и предавнички канали да не добијам виза, испраќале лажни дојави, сега ќе го почувствуваат мојот гнев. Сега држете се затоа што сакавте да војувате со мене и јас вам гмизавци дегенерични, ќе ви го пружам тоа задоволство. За жал не можам да кажам кој е, но тој кој треба да знае, знае многу добро – рекол пејачот, а пишуваат српските медиуми и додава:
– Тие мислат дека ми наштетија со тоа што ми брцнаа во џебот, но ќе сфатат дека ние не сме исти, и дека мене парите не ми се приоритет и дека не сум како нив да ги сакам парите повеќе од своите деца. Тие мислат дека ако нив парите ги болат најмногу и мене ме болат, дополнува Лукас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.