Во Мариупол, Азовското Море се повлече за повеќе од сто метри, а најголемиот проблем е што никој не знае што точно се случува.Оваа необична појава ја пријавил Петар Андрушенко, советникот на градоначалникот на Маријупол.Според Андрушенко, слична ситуација била забележана и во рускиот град Таганрог, а причините за оваа појава засега се непознати.
A strange phenomenon in the Sea of Azov.The sea has receded from the shore to a record distance. Hundreds of meters. In Mariupol on the Left Bank and in Russian Taganrog. The reason is unknown. pic.twitter.com/nHbyOUqa6P— Sharky 🇬🇧 🤝 🇺🇦 (@Jamie04381095) May 28, 2024
Морето се повлече од брегот на рекордно растојание за стотици метри. Причините сe сè уште нејасни, но дефинитивно ненормални – напиша тој во објавата под видеото од моменталната состојба на морето во Мариупол.По тримесечни борби во мај 2022 година во Украина, руските сили го зазедоа Мариупол, а градот беше срамнет и запален речиси до темел.Според различни извештаи, илјадници цивили загинале во градот. Украинските власти проценуваат дека бројот на загинати е повеќе од 20.000. Сепак, реалниот број на жртви би можел да биде многу поголем.