Фотографиите кои го обиколија светот ја прикажуваат уништената католичка црква во градот Искендерун во Турција.
И додека црквата е речиси целосно уништена, статуите на Богородица и Св. Анте, како и иконите на Богородица.
Веста за тоа на социјалните мрежи ја пренесе локалниот свештеник Антуан Илгит.
„Само вчера имавме миса во црквата, но денес ја нема. Фала богу што сме живи и здрави, а тоа е најважно.
Ви благодариме за поканите, пораките и молитвите, ќе ве контактирам сите штом тоа ќе ни дозволат линиите“, напиша тој и сподели фотографии од статуата и сликите на Богородица со порака „Донесов слика од Богородица пред катедралата. Таа ќе ни даде сила во оваа тешка ситуација“.
Вели дека потресите се уште се чести, но заедно се посилни и од тоа и од студот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.