Шведскиот амбасадор е оптимист дека граѓаните од Косово следната година ќе патуваат без визи во Европската унија

По Чешка, претседавањето со Европската Унија и припаѓа на Шведска. Шведскиот амбасадор во Косово, Јонас Вестерлунд, изрази оптимизам дека во јануари 2024 година Косовците ќе уживаат во либерализацијата на визите.

Тој вети дека за време на неговиот мандат во Косово ќе лобира за соработка на шведскиот и косовскиот бизнис .

„Сега точката на дискусија е во Европскиот парламент и го разбирам разочарувањето на Косовците“, рече тој за РТК.

Весретлунд рече дека започнал консултации со другите земји-членки на ЕУ за тоа како да се продолжи со апликацијата за членство на Косово во ЕУ.

За време на ова интервју Весретлунд рече дека во Шведска има околу 70 илјади Албанци, некои од нив се успешни во академскиот живот на државата, но и во бизнисот. Тој вети дека за време на неговиот мандат ќе работи да ги покани шведските компании да дојдат на Косово и да соработуваат со Косовците во секторот за преработка на дрво.


Пронајдете не на следниве мрежи: