Судот во Русија осуди руска новинарка на шест години затвор поради осуда на офанзивата во Украина на Инстаграм.
Марија Пономаренко (44) е прогласена за виновна за ширење лажни информации за армијата, соопшти Рускиот истражен комитет, кој ги води главните криминални истраги во Русија.
Ова злосторство беше воведено по нападот на Украина. Во неколку наврати беа донесени пресуди за јавно критикување на нападите и изречени тешки затворски казни.
Новинарката беше осудена од судот во Барнаул, во сибирскиот регион Алтај, каде што работеше за веб-страницата RusNews.
Невладината организација ОVD-Info соопшти дека Пономаренко е кривично гонета затоа што во март 2022 година, непосредно по почетокот на рускиот напад на 24 февруари, објавила порака на социјалната мрежа Инстаграм во која го осудува бомбардирањето на театарот во Украинскиот град Мариупол.
Киев ја обвини Москва за убиство на стотици цивили во бомбардирањето, додека руските власти ги отфрлија обвинувањата.
Марија Пономаренко беше уапсена во април во Санкт Петербург, а потоа префрлена во Барнаул. Нејзиниот адвокат тврди дека психичката состојба и’ се влошила во притворот и дека залудно барала да биде префрлена во психијатриска болница.
Пронајдете не на следниве мрежи: