Шест мигранти загинаа во тешка сообраќајка во Грција

Вчера во близина на грчкиот град Александруполи во сообраќајна незгода животот го загубија шест мигранти, откако возилото во кое се пренесувале изгубило контрола и излетало од патот.
Доцна синоќа од Министерството за здравство на Грција соопштија дека од 18-те лица кои што се пренесувале во возилото, шест го загубија животот, а од останатите 12, двајца се сериозно повредни, jави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, објави дека полицијата веднаш по несреќата уапсила две лица, кои веројатно се криумчарите и кои се обиделе да побегнат од местото каде што се превртело возилото.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.