Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг. „Навистина видовме зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец. Видовме и зголемена активност на кинеските поморски сили околу Тајван“, рече Остин на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните јапонски колеги.
„Но, дали тоа значи дека инвазијата е неизбежна? Искрено, сериозно се сомневам во тоа“, рече шефот на Пентагон.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.