Марлис Шилд ќе се обиде да ја одбрани светската титула во слалом, на Светското првенство во алпско скијање, кое се одржува во Шладминг.Шилд, на 20.ноември минатата година, на слаломот во Оре ги скина лигаментите на коленото и никој не и даваше ниту најмали шанси дека таа ќе успее да се рехабилитира до почетокот на скијачкиот Мундијал.Победничката во 33 слаломски трки на патеките се врати на 5.февруари.„Палците горе! Марлис ќе се појави на стартот во Шладминг“, објави австрискиот тим на свјот профил на Фејсбук.
Макфакс Марлис Шилд ќе се обиде да ја одбрани светската титула во слалом, на Светското првенство во алпско скијање