Широк фронт и многу познати имиња во иницијативата за смена на Мицковски и свикување на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Интегралниот текст од денешната иницијатива прочитајте го тука:
Побарана одговорност од Мицковски за изборниот пораз и свикување на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Дел од звучните имиња кои се појавија на денешната прес конференцијата се Марина Кавракова, шеф на жените на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, екс-градоначалникот на Аеродром Ивица Конески, доскорешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска, актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден Жика Стојановски, екс градоначалникот на Бутел Петре Латиновски, екс градоначалникот на Дорјан Борче Стамов, Лука Кржаловски од Унијата на млади сили, поранешниот заменик министер Сашо Лазаревски, како и д-р Филип Петровски, поранешен претседател на УМС и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ… Се зборува за уште многу имиња кои ќе се обзнанат деновиве и најавени се серија на активности во насока на свикување на Конгрес на кој ќе се утврди одговорност на Мицковски за загубените парламентарни избори.
Токму појавувањето на две високи функционерки од Унијата на жени активирало знак за аларм за што пишувавме претходно:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.