Меѓународната скијачка федерација (ФИС) вчера одлучи откажаниот машки велеслалом од германски Гармиш – Партнекирхен да се одржи во Шладминг.
Трките од Светскиот скијачки куп што беа првично закажани да се возат во Гармиш-Партнекирхен на 28 и 29 овој месец беа одложени минатата недела поради неповолна временска прогноза.
Во Гармиш – Партенкирхен беше закажан и машкиот спуст, а засега не е познато дали и на кое друго место ќе биде одржана трката.