Шокантно: Тале Локвенец добил стипендија од 113.000 долари?

Свиркачи до нас доставија шокантни документи кои покажуваат дека Тале Локвенец син на пратеникот Хари Локвенец добил неверојатни над 113.000 долари стипендија за студии на Универзитетот Ворвик во Англија. Таму едногодишната уписнина е 21.200 фунти, помножено по три години е 63.600 фунти, а трошоците за живот според договорот се 7605 фунти на година или 22.800 фунти за три години.
Вкупно се работи за сума од над 86.000 фунти или над 113.000 долари. Подолу следува целиот договор на увид кој согласно Законот за достап до јавни информации е законски да биде објавен. Ние сега се прашуваме уште колку вакви договори не се достапни на јавноста? И колку дечиња чекаат на лечење во меѓувреме со загрозен живот а немаат средства? Дали се сеќавате на Тамара драги мои? Колку Тамари е сега повторно легитимно прашање!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.