ШОК ИСТРАЖУВАЊЕ ВО УКРАИНА: Еве колку граѓани би се откажале од дел од територијата во замена за ПРЕКИН НА КОНФЛИКТОТ со Русите

Истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажа дека расте бројот на украински граѓани кои се подготвени за територијални отстапки во замена за завршување на војната.

Бројот на граѓани кои би се откажале од дел од територијата се зголемил за девет отсто од мај до декември и во моментов изнесува 19 отсто. Од мај 2022 година до мај 2023 година, ситуацијата беше релативно стабилна. Во тоа време, меѓу 8 и 10 отсто од испитаниците беа подготвени за територијални отстапки, според социолозите, а апсолутното мнозинство од 82 до 87 отсто постојано се противеа на какви било отстапки.

(Фото) Тешка сообраќајка кај италијанска амбасада: Комбе удри во велосипедист
Пред малку кај италијанска амбасада во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа. Имено комерцијалист со комбе удри во велосипедист на пешачки премин. Велосипедистот со повреди е пренесен во болница, а според очевидциет …
Новите фотографии на Брус Вилис ги растажија сите! Актерот непрепознатлив, болеста напреднала!
Легендарниот актер Брус Вилис уште еднаш го привлече вниманието на јавноста кога беше забележан како вози автомобил, што предизвика загриженост кај обожавателите бидејќи беше очигледно дека неговата болест брзо напредува.Легендарниот актер Брус Вилис (69) е забележан …

По мај 2023 година, сепак, уделот на оние кои се подготвени за територијални отстапки постепено се зголемува. Во мај тоа учество беше 10 отсто, на почетокот на октомври 14 отсто, а сега е 19 отсто.

Истовремено, се намалува уделот на оние кои се против отстапки заради преговори – од 84 отсто во мај на 74 отсто во декември. Социолозите забележуваат дека кај жителите на западниот и централниот дел на Украина е забележливо зголемувањето на уделот на оние кои се подготвени за територијални отстапки поради преговорите.

Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа веднаш по инвазијата, но Киев се повлече од разговорите по откривањето на наводните воени злосторства од страна на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека ги отфрлила мировните договори и анектираше четири региони на Украина во есента 2022 година. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тогаш потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Русија се додека Путин е на чело на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.