Шојгу му порача на Путин: НЕ ПОТОПИЈА!

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот Владимир Путин дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ е оштетен во пристаништето Феодосија на Крим.

Бродот бил уништен додека одбивал напад на украинските вооружени сили.

„Министерот за одбрана Шојгу го информираше Путин за нападот на украинските вооружени сили врз Феодосија и оштетувањето на големиот десантен брод Новочеркаск“, рече Песков.

„Господ ќе ме помилува“: Захарова за потенцијална средба со Зеленски
Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментираше што мисли за можноста да се сретне со Владимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во …
Меган Фокс се соблече поради секси жешки сцени! Мажите паднаа кога таа ги покажа бујните гради!
Меган Фокс повторно предизвикува возбуда во Холивуд! Во новиот филм „Subservience“ актерката се соблече поради жешките сцени, оставајќи ја публиката без здив.Холивудската ѕвезда Меган Фокс  повторно е во центарот на …

Според последните информации од Министерството за вонредни состојби, во нападот едно лице загинало, а четворица се ранети, пренесува РИА Новости.

Претходно, руското Министерство за одбрана излезе со соопштение за нападот.

„При одбивањето на нападот на вооружените сили на Украина врз базата Феодосија со воздушни ракети, оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиони „Су-24“ во областа на населбата Жовтен, која истрела проектили управувани од воздух“, соопшти руското министерство, пренесува РИА Новости.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов рано утринава објави дека украинските сили извршиле напад на пристаништето во Феодосија, што резултирало со експлозија и пожар.

Претходно, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Федосија на Крим и дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.