– Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, се спротивстави на можноста за „праќање трупи во Украина“ што ја изнесе претседателот на Франција, Емануел Макрон.Во својот говор на седницата на шпанскиот Парламент, Албарес рече: „Се разбира, во Украина ќе нема шпански војници затоа што сакаме мир. Шпанската Влада сака иста работа и во Газа и во Украина. Мир и почитување на меѓународното право.“Шпанскиот министер за надворешни работи нагласи и дека „Шпанија од 7 октомври не издала ниту една нова дозвола за извоз на оружје во Израел“.Сумар, партнер на малцинската лева коалициска Влада, изјави: „Воената опрема му е продадена на Израел во ноември. Министерот Албарес не ја зборува вистината.“Наведувајќи уште еднаш дека нема такво нешто и покрај обвинувањата, Албарес истакна: „Нема да му се продава оружје на Израел сѐ додека не заврши циклусот на насилство во Газа.“Посочувајќи дека се согласува со пратеникот дека ситуацијата во Газа претставува „вистинска хуманитарна катастрофа“, Албарес рече: „Шпанија е една од ретките земји што продолжи да ја поддржува УНРВА. Дополнително ќе ја зголеми и финансиската помош, а, исто така, ќе воведе и индивидуални санкции за израелските доселеници одговорни за насилства врз Палестинците.“Шпанскиот министер истакна дека на Западниот Брег постои ситуација што е загрижувачка, како и во Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи: