Шпанските бравари и пожарникари не сакаат да иселуваат должници од станови

Шпанските бравари и пожарникари одбија да им помагаат на судските извршители при исфрлањето луѓе од станови и куќи, кои се должници на банките.

Претседателот на синдикатот на браварите, Давид Ормаче, вели дека животите на семејствата се уништени „па мора тие да вршат улога на џелати, со што се создава тензија и непријатно чувство”.
 Бранот исфрлања на должници од станови и куќи поради неплатени хипотеки предизвика низа самоубиства и протести, поради што пратениците на шпанскиот парламент на 12 февруари се согласи да дискутира за нацрт законот, кој го иницираше граѓанското движење „Пах”.
 Овој нацрт закон предвидува прекинување на присилните деложации и на должниците да им биде овозможено отпишување на долгот.
 Бидејќи браварите одбија да учествуваат во исфрлањето, некои надлежни побараа помош од пожарникарите и да обиваат врати.
 На почетокот на неделава во градот Коруња на северозападот на Шпанија, пожарникари биле повикани да иселат 85-годишна старица, која доцнела со станарината. Група демонстранти пред станот на старицата се собраа за да го спречат иселувањето, а им се придружија и некои од пожарникарите.
 Нивните колеги од останатите региони, како Каталонија и Мадрид го следеа нивниот пример.
 Претставник на Синдикатот на пожарникарите од Каталонија, Антонио дел Рио, вели дека тие здружено им помагаат на луѓето во вонредни состојби, а не на банките, кои загрозуваат човечки животи.
Макфакс
Шпанските бравари и пожарникари одбија да им помагаат на судските извршители при исфрлањето луѓе од станови и куќи, ко

Пронајдете не на следниве мрежи: