Штетите од шампонот со поминат рок

Шампоните обично траат 18 месеци по отворањето или три години ако не се отворени. Употребата по истекот на рокот може да има опасни последици.
Сепак, луѓето обично и не се сеќаваат кога го отвориле шампонот. За тоа, постојат признаци кои можат да помогнат да се утврди дали рокот на траење е истечен. Некои од нив се: шампонот ја менува бојата, добива грутки, чуден мирис итн. Шампонот со поминат рок, едностано, не е ефикасен и само ќе направи косата да изгледа повалкано.
Поради промената на составот може да предизвика и чешање т.е. иритација на скалпот. Може да се појават и бактерии и габични инфекции.
Состојките кои се хемиски изменети не треба воопшто да се нанесуваат на кожата, бидејќи тие навлегуваат во нејзините слоеви. Тоа може да доведе до пообемно опаѓање на косата.
Препораките на стручните лица гласат: ако веќе имате првут, чешање на скалпот, маснотии или губење на косата, прво обрнете внимание на шампонот што го користите, а потоа и на рокот. Доколку е поминат, средството треба да се фрли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.