На секоја девојка барем еднаш и се случило во нејзино присуство друга девојка да му се нафрла на нејзиното момче. Прва, и сосема погрешна реакција е да се направи сцена. Затоа е подобро да се придржувате кон следниве правила.
Немојте да и приоѓате
Ако суптилно се вклучите во разговорот е во ред, но ако пристапите со премногу агресивен став и почнете да и објаснувате дека мора да се тргне од вашиот дечко, ќе создадете непријатна ситуација. Вашиот избраник ќе мисли дека немате доволно доверба во него. Ќе создадете конфликт и ќе останете без опцијата мирно да ја решите ситуацијата. Само поради тоа што таа не се однесува како една дама не значи дека и вие треба да ги следите нејзините чекори.
Не го обвинувајте
Вашето момче може да биде целосно невино во целата приказна. Постои можност дека тој и бил предизвик, но постои шанса и дека девојката погрешно протолкувала сè и започнала со напад, без размислување на последиците.
Во секој случај, дајте му на избраникот можност да се изјасни и да покаже дека навистина нема место за паника. Ако има, решете го тоа приватно, а не во јавност.
Дознајте го контекстот
Можеби се знаат од порано. Можеби е едно големо недоразбирање. Можеби не знаела дека момчето е зафатено.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
На секоја девојка барем еднаш и се случило во нејзино присуство друга девојка да му се нафрла на нејзиното момче