Што ако Кина отворено почне да им помага на Русите?

Украинските воени експерти веќе отворено му кажуваат на Западот: „Добро, што точно е планот за најлошото сценарио? Што ако Северна Кореја утре испрати над 100.000 војници? Што ако Кина започне отворено да испраќа возови со оружје и технологија? Што ако се повеќе и повеќе ресурсите почнуваат да доаѓаат од земјите на „оската на злото“?“

Амбасадорот на Украина во Велика Британија, поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, го кажа тоа во својот говор во Кралскиот институт за меѓународни односи (Четам хаус) обраќајќи му се на Западот:

„Ова сега влијае на секој од вас. Кажете ми, ве молам, дали денес е тајна дека Кина, Северна Кореја и Иран се обединија околу Русија? Дали некој мисли дека се обединија против Украина? Ако е така, дозволете ми да бидам првиот што ќе кажам дека повеќето луѓе во тие земји дури и не знаат каде е Украина“.

Во меѓувреме на бојното поле се појавија различни информации за севернокорејски војници кои се обидуваат да ги заплашат Украинците. Украинските војници, пак, организираат натпревари – која воена единица прва ќе пријави мртви или заробени севернокорејски војници.

Пронајдете не на следниве мрежи: