Што ги возбудува асексуалните личности?

Иако мислењата се разликуваат, општото разбирање е дека целибатот е избор на апстиненција од секс поради здравствени, верски или други причини. Од друга страна, некои сметаат дека асексуалноста е сексуална ориентација. Иако оваа теза е сѐ уште контроверзна, важно е да се знае дека асексуалноста дефинитивно не е избор.
Асексуалноста е недостаток на сексуална привлечност на начин што асексуалната личност не чувствува сексуална привлечност кон луѓето, ниту пак сака да се вклучи во некоја сексуална активност. Сепак, тоа не значи дека асексуалните луѓе целиот свој живот го поминуваат сами и никој не им се допаѓа.


Тие едноставно тоа го гледаат на поинаков, платонски начин. Ова се типовите на привлечност што ги доживуваат асексуалците …
Романтична привлечност – би сакале да се шетаат покрај плажа со таа личност и да уживааат во зајдисонцето
Естетската привлечност – тоа што не доживуваат сексуална привлечност не значи дека не ги привлекува нечија убавина, исто како што некој го привлекува убавината на некое уметничко дело
Сензуална привлечност – тие би сакале да мазат, прегрнуваат, да се држат за раце или да се бакнуваат со таа личност

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.