Што да направите кога детето ќе добие сончаница?

Кога децата долго време си играат под силните сончеви зраци, но и кога ќе останат подолго во загреана просторија, може да дојде до симптом на прегревање, бидејќи внатрешниот „термостат“, не може да постигне да го излади целото тело.
Ако приметите дека вашето дете има симптоми кои укажуваат на сончаница, најпрво тргнете го од сонце.
Единствен начин да му помогнете е да го разладите.
Еве неколку чекори како да го направите тоа:


– Доколку имате можност, влезете во просторија во која е вклучена клима или вентилатор, но внимавајте просторот да не е премногу изладен.
– Тргнете го детето и легнете го.
– Поставете нешто под нозете на детето, со цел крвта да помине низ виталните органи – срцето, белите дробови и мозокот.
– Ставете му ладни облоги на вратот, на препоните и под пазувите.– Дадете му да се напие некаква течност, но не претерувајте. Давајте му по неколку голтки на секои 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.