Што е секс, а што водење љубов?! – вечна дилема. Главно се мисли дека жените се тие кои сакаат да водат љубов, а мажите се повеќе заинтересирани за секс. Но дали е навистина така?!
Постои ли разлика? Ако сте во врска со некого, веројатно, уживате во водење љубов бидејќи се сакате и посакувате и со тој однос се обидувате да покажете колку ви значи личноста со која сте. Од друга страна, сте сретнале некој кој сексуално ве привлекува, и го посакувате веднаш. А всушност сексот има потенцијал да стане подобар кога луѓето подобро ќе се запознаат. Дури и „пријателите со бенефиции“ имаат подобар секс бидејќи се подобро поврзани помеѓу себе и се знаат. Иако сексот и водењето љубов делуваат како синоними, помеѓу нив постои голема разлика во емоциите. Водењето љубов вклучува чувство на љубов, а не мора да постои љубов кога имате секс.
Кое е најдоброто место?
Најдобро место за водење љубов е креветот, бидејќи е удобен и не мора да заземате чудни пози. Но тоа не значи дека треба да се ограничувате. Можете да го направите каде било, ама буквално. Се што ви е потребно е добра волја и малку креативност.
Лошата страна на водењето љубов
Иако можеби делува дека водењето љубов е поважно од сексот, тоа не е вистина. На почетокот на врската водењето љубов може да биде привлечно, но подоцна неминовно ќе дојде до недостаток на страст. Значи, најдобро би било да мешате див секс и нежно водење љубов. Научете да експериментирате, затоа што така еден на друг ќе бидете доволно секси и посакувани.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.