Со двете поништени пресуди, оценува Заев, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на, како што вели, „грозоморните дејствија на режимската врхушка“. Истовремено, се мотивираат и други чинители да прават исти такви „грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција“, пишува Заев во реакцијата која ја објави на Фејсбук.
„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ, тоа нема да го испере овој срам и блам“, заклучува поранешниот премиер.
Во реакцијата, тој ги повика сите надлежни од и околу правосудството, сите со, како што вели, „грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ“, да не дозволат да застарат делата на Мијалков, и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи, посочува, за нивните злодела „има докази чисти како ден“.
За потсетување, во првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ за аферата за масовното нелегално прислушување, екс-шефот на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години, а контраразузнавачите од таканаречената Петта управа на тогашната УБК – Никола Бошковски и Горан Грујовски – добија по 15 години затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.