Жените со колкови пошироки од 36 cm и не потесни од 31 cm имаат повеќе сексуални партнери и се спремни да прифатат љубов за една ноќ, од оние со потесни колкови. Зошто е тоа важно? Затоа што жените кои немаат тесни колкови полесно се породуваат од оние другите, што потполно подсвесно се одразува на сексуалниот живот, тврдат експертите.
Истражувањето покажало дека тие имаат повеќе партнери со кои поминале само една ноќ, поопуштено размислуваат за сексот, немаат проблем со менување на партнери. Научниците тврдат дека причината за тоа е што на нив пораѓањето им е помалку трауматичен чин.
Истражувањето опфатило неколку илјади жени во Велика Британија. Тие потполниле прашалник во кој помеѓу останатото, биле и прашања кои се однесувале на тоа кога изгубиле невиност, колку партнери имале до сега, колку партнерите им биле значајни… Така е воспоставено дека секоја трета девојка со широки колкови имала барем еден партнер за една ноќ, како и дека се порано имале прво сексуално искуство за разлика од останатите.