Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?

Се предвидува дека до 2020-та година ќе има речиси 3 милијарди корисници на смартфони. Начинот на кој ги користиме нашите смартфони може да открие нешта што не сте ги очекувале. Погледнете ја сликата и одберете го начинот на којшто најчесто го држите вашиот смартфон. Дознајте што тоа кажува за вас.
Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?
1. Држење со една рака


Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?
Ако ја користите само едната рака додека ги проверувате социјалните мрежи, вие сте личност со огромна самодоверба. Подготвени сте да ризикувате сè, но тоа го правите паметно и ги постигнувате посакуваните резултати. Но, кога станува збор за врските, вие сте сосема спротивни. Сакате да размислите дали некоја личност ви е потребна во животот пред да започнете врска. Поради ова луѓето често ве гледаат како личност која се изолира.
2. Држење со една рака и користење со палецот од другата


Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?
Вие сте интуитивни, паметни и разумни. Добро размислувате пред да направите што било. Сакате добро да разберете сè што се случува во вашиот живот, па на другите им е навистина тешко да ве измамат. Кога станува збор за љубовта, ретко можете да бидете наречени мудри. Донесувате брзи и непромислени одлуки кои некогаш можат да ѝ наштетат на вашата врска. Покрај тоа, често знаете да му судите на партнерот.
3. Држење и користење со двете раце
Што кажува за вас начинот на којшто го др

жите вашиот смартфон?
Користењето на двете раце ја покажува вашата љубов кон брзината. Вие сте ефикасни и брзо донесувате одлуки. Лесно се прилагодувате на променливата околина. Кога станува збор за љубовта, вашата ефикасност не се истакнува. Всушност, важи спротивното – често ви е тешко да ѝ се доближите на некоја личност и можете да го исплашите потенцијалниот партнер.
4. Држење со една рака и користењето со показалецот од другата


Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?
Овој начин на држење покажува креативност. Имате цела палета идеи кои сакате да ги примените во животот, а тоа ви оди навистина добро. Сакате да бидете сами со вашите мисли и да го создадете следното ремек-дело што ќе го воодушеви светот. Без разлика дали е нов проект, слика или книга, вашите дела речиси секогаш се успешни. Во љубовта, вашата креативност се претвора во срамежливост, па ова ве спречува да создавате нови врски. Но штом некој ќе ве запознае подобро, сигурно ќе биде воодушевен од вашиот карактер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.