Што направи оваа жена од себе? Вака Донатела Версаче изгледала пред пластичните операции

Познатата дизајнерка не престанува да ја изненадува јавноста со својот „пластичен“ изглед.
Сестрата на славниот моден креатор Џани Версаче – Донатела Версаче, откако се појави на јавната сцена привлече големо внимание.


Поради тоа со што се занимава, бројните скандали што ги остави зад себе, но и поради својот изглед.
За што подолго да ја задржи младоста, безброј пати таа направила пластични операции, па повеќе не наликува на тоа каква што некогаш била.
А, колку само била поразлична, природна и убава, сведочат фотографиите од периодот пред да стане зависник од естетските корекции.


Според мислењето на многумина, секако дека најлошата интервенција ѝ била таа која ја направила на усните за која што се вели дека ѝ го сменила личниот опис.


Ќе се согласте и вие, дека Донатела не бирала средства во обидот да го задржи својот млад изглед, но очигледно дека тоа не ѝ успеало, па многумина мислат дека таа сега изгледа грозно поради претераните корекции, наместо да се препушти на природниот процес на стареење.Нејзината појава секако никој не остава рамнодушен, па импозантните креации кои оваа голема уметница ги продава „паѓаат“ во сенка кога ќе се појави таа.
Согласни сме дека таа ја преминала границата на добриот вкус и дека сега изгледа како карикатура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.