СИТЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ШТО РАЗВАРАЛЕ ЗАЕВ И АХМЕТИ, еве кој ја откри средбата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби, пред православниот Божик беа во Струмица како гости на поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Груби во разговор за ИРЛ, како што соопштува КланМ, објавил дека разговарале за политичката ситуација, а поранешниот премиер Заев ги убедувал дека не прави сценарио ДУИ да биде надвор од евентуалната нова влада.

„Набрзо, на 5 јануари, ден по роденденот на господинот Ахмети, се сретнавме со Заев, разговаравме околу четири часа. Тој беше нашиот домаќин. Господинот Ахмети првпат отиде во Струмица да се види со Заев на негова покана и разговаравме за моменталната состојба. На овој начин нè уверија Заев и сите учесници на средбата на 21 декември и апсолутно веруваме дека ваквите сценарија ниту се разгледани, ниту се прифатливи. Ниту за Заев, ниту за премиерот Димитар Ковачевски“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби.

Причината за средбата..

Повод за средбата меѓу Заев и Ахмети, како што ја пренесува КланМ објавата на ИРЛ, била средбата на 21 декември 2022 година на поранешниот премиер Заев и сегашниот премиер Ковачевски и шпекулациите дека се подготвува нова проширена влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и исклучувањето на ДУИ од Владата. Груби изразил убедување дека ДУИ по средбата со Зоран Заев не го дефакторирала актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Покрај шпекулациите дека се подготвува евентуална маргинализација и испраќање на ДУИ во опозицијата, како што јавува ИРЛ, Заев, Ахмети и Груби разговарале како да стигнат до 80 пратеници за уставните измени.

Пронајдете не на следниве мрежи: