Што сакаат жените: Трите карактеристики на совршениот маж

Ни најискусните мажи немаат одговор на прашањето што е она што жената го бара од совршениот партнер. Точно е дека вистинско решение всушност и нема, и дека се е индивидуално, но сепак постојат некои ситници кои сите дами без исклучок ги посакуваат.

На прво место е искреноста. Искреноста е многу важна за жените и најмногу од се не поднесуваат кога овој сегмент во врската недостасува. Кога мажот лаже, жените се подготвени и да ја раскинат врската, бидејќи најважно од се за нив е да имаат на кого вистински да се потпрат. Без оваа основа, врската стои на стаклени нозе.

Таксист влетал во ученици на блокадата во Шабац, млад човек завршил на хауба, настрадала и учителка
За време на денешната акција „Застани, Србија“ во Шабац се случи инцидент, кога таксист удри во студенти кои блокираа раскрсница.„Таксистот собра еден млад човек на хаубата, ја „закачи“ и …
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, …

На второ место е неговата способност да слуша. Жените сакаат кога покрај себе имаат партнер на кој можат да се доверат, кој ќе знае да ги сослуша, да ги советува и да биде нивна подршка во секој момент. Ако ја имате таа моќ, ќе се издвоите од останатите риби во морето. Слушајте што зборува и ќе бидете специјален за неа, а таа ќе посака засекогаш да ве има во своја близина.

И на трето место е зрелоста. Жените сакаат стабилни мажи, кои знаат што сакаат. Во машката природа е тој да биде јак и секогаш цврст прислон за жената, а во ситуациите кога е обратно, дамите набрзо ќе почнат да бараат нешто ново, некој кој ќе умее да ги заштити и да ги направи да се чувствуваат сигурни. Жената е нежна и нормално е да бара некој кој ќе биде посилен од неа. Се останато не доаѓа во предвид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.