Таа може да има божествено тело и да биде најдобра во кревет, но тоа е само дел од колачот. Што всушност треба да поседува една жена, за мажите да ја карактеризираат како „добар материјал за стабилна врска“?
Таа треба да има сопствен живот
Тоа значи да сте самостојна, да водите грижа за себе, а покрај тоа да имате и време за дружба со пријателите, семејството и секако со вашиот дечко. Покрај тоа, мажите во врската не сакаат да бидат центар на универзумот и сакаат да имаат доволно простор и за самите за себеси.
Таа треба да биде секси, но не и вулгарна
Допирањето во јавност е прифатливо откако ќе се развие врската. Меѓутоа сепак треба да бидете претпазливи и да знаете да го одберете вистинскиот момент кога да го бакнете или погалите ако сте излезени со друштво. Немој да сте нападни и дајте му време да се опушти.
Таа треба да биде трпелива
Верувале или не, кога мажите се заљубени сакаат малку да причекаат пред да ве одведат во кревет (иако тоа никогаш нема да го признаат!). Затоа им значи ако жената е трпелива и одмерена во сексот. Ако прерано се најдете во кревет, постои опасност да згаснат љубовните искри меѓу вас. Поради тоа не е на одмет малку да причекате пред да го преземете овој чекор.
Таа треба да биде имагинативна
Немате премногу време да зготвите нешто специјално, но сепак ќе смислите нешто брзо кое тој го сака. Ова е само една ситница што многу им значи на мажите. Така ќе покажете дека се грижите за неговите желби и потреби. Секако, мажот треба да ви возврати со иста мера и грижливост.
Таа не треба да врши притисок
Мажите мразат кога жените постојано им ѕвонат на телефон, им испраќаат пораки и често зборуваат за иднината. Посебно ги мразат плановите за долгорочна иднина. Не вршете им притисок, мажите сакаат да уживаат во сегашноста и во тоа што сега го имаат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.