Свадбените трендови доаѓаат и си одат, но одредени делови од традицијата, како белиот фустан, нешто ново, нешто старо и нешто сино остануваат и не исчезнуваат. Можеме тука да го ставиме и познатиот вел, без кој една класична невеста е незамислива.
Се смета дека превезот е еден од најстарите делови на традицијата што се применува на тој голем ден. Превез или вел е парче ткаенина, обично направено од тул или чипка, што се носи на главата на невестата и го покрива нејзиното лице додека оди кај младоженецот. Кога е пред олтарот, младоженецот го трга од нејзиното лице, откривајќи ја невестата. Денес, многу невести се откажуваат од покривање на лицето, но сепак носат превез во косата како додаток за свадбата.
Историјата вели дека концептот на брак постои повеќе од 4.000 години. Како што свадбите се менувале низ вековите, биле воспоставени различни традиции, вклучувајќи го и велот. Превезот може да се проследи уште од свадбите во античка Грција. Невестите го покривале целото лице и во многу случаи целото тело додека оделе по патеката. Исто така, договорените бракови некогаш биле дел од повеќето култури, па превезот служел како форма на заштита на лицето на невестата од нејзиниот иден сопруг, во случај младоженецот да не ја сака невестата и обратно.
Паровите и нивните семејства биле крајно суеверни за денот на венчавката, па постоело и верување дека превезот ја штити невестата од „нељубезни сили“, пишува The List.
Денес младите главно не носат превез на лицето, оваа традиција е претежно променета и најчесто тој се наоѓа закачен во косата.