Што се случува во машкиот мозок и како тој функционира?

Зошто не го спуштаат капакот од ВЦ-школката? Зошто толку се опседнати со своите автомобили? Дали можат да имаат одличен секс, но воопшто да не размислуваат за каква било иднина со девојката?

Започнувајќи од тоа како функционира мозокот, мажите и жените навистина имаат некои базични разлики. Повеќе стручни лица преку истражувања и теории, пробале да дадат одговор на прашањето „Како функционира машкиот мозок?“. Прочитајте ги и сами донесете го заклучокот, кои се покомплицирани, мажите или жените?

Што се случува во машкиот мозок и како функционира?

Зошто своите автомобили ги одржуваат беспрекорно чисти, а дома се навистина неуредни?
Тие се опседнати со своите автомобили. Колата мора да му биде чиста и сочувана, а дома без проблем би живеел и како свиња. Додека жените преферираат да живеат во убави, удобни, чисти и средени простории. И покрај тоа што времињата се менуваат, мажите остануваат верни на своите миленици на четири тркала, додека жените се подобри во домаќинството. Мажите полесно би се врзале со некоја машина, додека жените својот имиџ го градат врз претставителноста. Мажот го доживува својот автомобил како дел од себе и дел од неговиот имиџ, додека жените најчесто се оградуваат од ваквата поврзаност со нивниот автомобил. Тие својот имиџ го градат врз основа на својот изглед, облеката, начинот на живот и одржувањето на домот.

Зошто мажите се повеќе заинтересирани за спорт?
Секако дека и жените следат спорт, всушност има многу жени кои се верни фудбалски навивачи. Но, вистината е дека мажите кои се љубители на спортови, особено на оние екстремни и насилни, се побројни отколку жените. Оваа разлика во пасијата за спортовите е предизвикана од хормони, како тестостеронот и хипоталамусот, кој кај животните е поврзан со агресијата. Ако сте маж и гледате како вашиот тим победува, нивото на тестостерон скока, а кога гледате борбени спортови се чувствувате подоминантни, се развива чувството на машкост, на преземање ризик и борбен дух. Всушност, доколку неговата секојдневна работа не бара од него да биде физички борбен, повеќе ќе го исполнува гледањето на некој насилен и борбен спорт.

Зошто и покрај тоа што сексот бил одличен, тие не би ја побарале девојката повторно?
Старата теорија на еволуција вели вака: Мажите сакаат да го шират своето семе, а жените сакаат некој кој ќе се грижи и ќе го заштитува нивното потомство. Колку работите се смениле? Вистината е дека жените повеќе го користат својот мозок кога станува збор за секс и многу полесно го поврзуваат сексот со љубов. Мозочните хемисфери кај мажите се помалку поврзани отколку кај жените, што прави мажите да можат да се концентрираат на една работа, додека жените размислуваат за повеќе нешта истовремено.

Сепак, ова се само претпоставки и теории. Целосната вистина, најверојатно ќе остане вечна мистерија, исто како што е вистинска мистерија функционирањето на женскиот мозок и што е она што жените го сакаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.