Што се случува со Мицковски на митингот во Охрид? Ви го приопштуваме видеото што ги загрижи сите членови и симпатизери на партијата. Според наши извори ова бил (минатонеделниот митинг) најслабиот митинг на патријата во последните 25 години. И секако се шири големо незадоволство и несигурност. Ова се смета дека е поврзано со неодлучноста на Мицковски кој праќа постојано „мешани“ пораки до десничарската база во Македонија.
Ако се гледа внимателно видеото што го имате во текстот ќе забележите дека Мицковски е отсутен и незаинтересиран. Додека се интонира химната на ВМРО со која се градеше култот на Груевски тој е замислен, деконцентриран и со наведната глава. Со видлива нервоза и со тресење на нозете, како и раце стегнати во песници кои издаваат грч каков што не сме виделе на политичката сцена одамна, да не речам никогаш. Дали неискуството и неукоста го земаат данокот во круцијално време кога со сите сили надворешни структури се трудат да ни го сменат името? Погледајте го видеово па проценете сами. А доколку ве интересираат записи или текстови повзани со Мицковски, каде ние на крички начин ја согледуваме состојбата во „Белата палата“ само следете ги таговите под веста.