Што стори Арсовска со ЈСП? „На носила изнесуваат патници од ЈСП“ – Низа колапси поради високите температури и доцнењето на автобусите!

Пеколните температури и доцнењето на автобусите на ЈСП во Скопје станува загрижувачки проблем. Скопјани сведочат дека деновиве се случиле неколку колапси, со оглед дека автобусите доцнат и со часови.

Новинарката Соња Христовска Угриновска објави фотографии како на патник му се слошило, па интервенирала Брзата помош. Неофицијално немилиот настан се случил во Геге, скопско Ѓорче.

Слична била ситуацијата и во Автокоманда пред неколку дена.

– Катастрофа невидена е со автобусите, кај што ги нема редовно внатре се гнасни не исчистени, за клима да не правиме муабет, тоа е научна фантастика. Жално е што даваме пари за јавен превоз, коментира скопјанка.

Пронајдете не на следниве мрежи: