Откако корисниците на социјалните мрежи ги згрози видео на кое тетовираат 10 годишно момче, се огласи и полицијата.
На интернет минатата недела објавено е видео на кое малолетно дете седи во скутот на една девојка додека го тетовираат.
Полицијата потврдила дека снимката е автентична и дека детето навистина добило права тетоважа, а го тетовирало 16 годишно момче.
Снимката настанала во Белфонтејн во американската сојузна држава Охајо, а откако предизвика лавина коментари, полицијата ја посети мајката на детето.
Утврдиле дека детето е добро и на сигурно, а неговата мајка го одобрила тетовирањето.
-Впрочем, детето само барало да му се направи тетоважа, кажал поручникот Рик Херинг.
Тој додаде дека истрагата и понатаму е отворена, а откако ќе биде завршена, случајот ќе го преземе обвинител.