Емоционалното прејадување е проблем кој предизвикува низа други проблеми, а главната причина за сето тоа е – стресот.
Многумина ја користат храната за да ги ублажат емоциите по лош ден или стресен период од животот. Така доаѓа до емоционално прејадување.
Кога емоционалното прејадување ќе стане навика, тогаш се дебелеете и немате контрола колку храна внесувате во организмот.
Кога емоционалното прејадување претставува проблем?
Емоционалното прејадување може да биде предизвикано од многу фактори, вклучувајќи го и расизмот, хомофобијата и сексуалното злоставување.
Емоционалното прејадување може да доведе до пореметување на исхраната и поради тоа е важно да стекнете контрола пред да стане сериозен проблем.
Првиот чекор кон контролата е љубовта кон самите себеси и пронаоѓање други методи за справување со стресот.
Како да се борите против емоционалното прејадување?
Наместо да се прејадувате секогаш кога имате лош ден или кога сте под стрес, најдете друг метод.
Може да правите вежби, да медитирате, да разговарате со вашите пријатели или да читате книги.
Чекор по чекор
Сите луѓе се различни. Обидете се да не бидете строги кон себеси. Воведете нови навики кои ќе ги применувате една по една. На пример, секој ден кога ќе дојдете дома, испијте чаша вода или медитирајте за да го исфрлите стресот од вашето тело.
Со примена на нови навики, ќе ги разберете последиците кои ги носи емоционалното прејадување и ќе се борите на поинаков начин со стресот.
Ова ќе резултира и со поголема самодоверба, свесност и подобрување на менталното и физичкото здравје.