Што треба да направите пред да почнете да живеете заедно со партнерот?

Многу парови по одредено време поминато заедно решаваат да почнат да живеат заедно. Повеќето тоа го сметаат за тест-период за брак, но некои го паѓаат овој тест бидејќи сфаќаат дека не можат да поминат преку некои навики на партнерот.
Најчесто причината е што погрешно сфаќаат некои работи, а една од основните на која треба да се обрне особено внимание е комуникацијата.
Многу е важно од почеток да се разговара со партнерот и да се утврдат правилата за заедничко живеење.


Прво и најважно нешто што треба да го решите е плаќањето и носењето покуќнина во станот/куќата.
Мора да разговарате за трошењето пари пред да се вселите заедно. Проблемите со пари многу често ги уништуваат врските, а ако некои работи ги утврдите на почеток ќе одбегнете многу проблеми понатаму.
Одлучете како ќе ги поделите трошоците, во чиј стан ќе живеете или ќе изнајмите/купите место за двајцата, отворено разговарајте за заедничките и за личните месечни трошоци.
Ако еден од вас или и двајцата имате домашни миленици, тоа е многу важна тема за разговор. Дали има доволно простор, дали ќе се сложуваат, каде ќе спијат…
Други прашања на кои треба да одговорите и двајцата се: колку често чистите, дали повеќе сакате да готвите или да миете садови, колку често фрлате ѓубре? Овие прашања можеби звучат банално, но се многу важни во заедничкиот живот за да не се чувствува едниот од вас дека ја работи целата домашна работа.


Исто така треба да имате на ум дека сите ваши пријатели не се заеднички пријатели и треба да се договорите на „куќен ред“ за викањето гости.
На тој начин партнерот ќе може да договори излегување или да се организира вечерта да ја помине во спалната соба без да ви пречи.
Ако едниот од вас работи од дома, тоа значи дека станот му е место и за работа и за живеење. Тоа е посебна динамика за која мора да разговарате и најверојатно ќе сака повеќе време да поминува надвор со оглед на тоа дека поголемиот дел од денот му/ѝ поминал дома.
И на крај – која е целта на вашето заедничко живеење?
Експертите велат дека двојките многу ретко разговараат за тоа.
Може да има различни причини – заштеда во трошоци за стан и сметки, почесто да се гледате, сакате да видите што ќе се случи кога активно ќе се гледате, дали сте подготвени за брак… Сите имаат различни причини, но многу е важно секој сам да се изјасни кои се неговите причини, да не дојде до забуна која е крајната цел

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.