Украинската армија рано утринава, околу 1:35 часот по московско време, ја нападна базата „Енгелс-2“ во областа Саратов, каде што се наоѓаат стратешките авијациски бомбардери на воздухопловните сили на Руската Федерација.
Руската војска не го објави типот на авионот или дронот што ја нападна базата Енгелс, дали се работи за модифициран млазен дрон ТУ-141 Стриж или некој друг проектил, што доведе до шпекулации.
Во овој напад наводно загинале тројца војници, бидејќи Министерството за одбрана на Русија тврди дека делови од соборениот авион паднале во пошироката област на аеродромот Енгелс, пренесува РИА Новости.
Инаку, базата е седиште на две тешки бомбардери, 121 и 184, а од линијата на фронтот е оддалечена повеќе од 600 километри.
На социјалните мрежи се појави видео од безбедносна камера на една од зградите на која се гледа силна детонација, по што се вклучија алармите на возилата.
Од друга страна, има и такви кои тврдат дека експлозијата не била гласна, како првиот пат:
„Кога беше нападнат аеродромот за прв пат (5 декември), звукот на експлозијата беше најгласен, мислев дека експлодирал гасовод, истрчав на улица, сите аларми за автомобили во околината се вклучија, дури и иако живеам на 2 километри од аеродромот. Денеска некаде во 2.30 часот по локално време слушнав свиреж, а потоа гласна „детонација“ – не се вклучија аларми или сигнали од автомобилот.
Очевидци на Телеграм наведуваат дека детонацијата на аеродромот била многу посилна од онаа на 5 декември. Многумина мислеа дека експлодирал гасовод. Некои истрчаа на улица. Силната детонација најмногу ги исплаши жителите кои живеат на 2 километри од аеродромот.
По овој напад се огласија сирените.
Силната детонација не укажува на тоа дека дронот е соборен, туку дека паднал во делот на аеродромот. Засега, освен официјална потврда за тројца загинати војници, нема информации за уништени бомбардери, како во нападот на 5 декември, кога еден од ТУ-95МС беше тешко оштетен.
„На дваесет и шести декември, околу 1:35 часот по московско време, воздушната одбрана на руските воздушни сили собори украински беспилотно летало на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром Енгелс во регионот Саратов“, се вели во соопштението. додавајќи:
„На приодот кон воениот аеродром во Енгелс, Саратовската област, беше соборен украинско беспилотно летало од опрема за противвоздушна одбрана на Вооружените сили на Руската Федерација. Тројца руски војници загинаа кога остатоците од беспилотното летало паднаа на аеродромот. Аеродромот не е оштетен“, велат воените власти.
Патем, на 5 декември, украинската армија изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан користејќи млазни беспилотни летала ТУ-141 Стриж од советско производство. Вкупно четири беспилотни летала беа испратени да нападнат два воени аеродроми.
Системите за противвоздушна одбрана ги пресретнале овие беспилотни летала, но тројца војници загинале при падот на остатоците. Два авиони, исто така, претрпеа мала штета.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.