Што ќе прават Германците кога државата ќе им ги укине субвенциите за гас и струја?

Уставниот суд доведе во прашање различни специјални фондови финансирани со заеми од германските власти. Меѓу нив се и субвенциите на потрошувачите за струја и гас. Но, добрата вест е дека цените на енергијата на големо паѓаат, пишува Deutsche Welle.

Идејата беше со помош на државните субвенции потрошувачите да плаќаат релативно поволни цени за струја и гас до пролет. Но, само неколку дена откако владата во Берлин одлучи да го продолжи тој инструмент, следуваше одлуката на Уставниот суд.

Имено, судот во средината на ноември пресуди дека со ребалансот на буџетот за 2021 година е прекршен т.н. должничка кочница – правило влезено во германскиот Устав, кое ја обврзува владата да се задолжува само во итни ситуации.
<

Тоа значи дека неискористените средства за заем од Фондот за борба против последиците од пандемијата на коронавирус не може да се префрлат во фондот за клима. Со други зборови, се отвори дупка во буџетот од 60 милијарди евра.

Се зголемува ДДВ за струја и гас
И тоа не е сè. Постојат сомнежи дека т.н Економски и стабилизациски фонд од 200 милијарди евра, кој исто така се финансира со заеми, не е во согласност со германскиот Устав.

А средствата од тој фонд се користат, меѓу другото, за ограничување на цената на струјата и гасот за потрошувачите, односно за „кочење на цената на енергијата“. Работи вака – потрошувачите плаќаат една максимална цена, а државата го плаќа остатокот од пазарната цена на дистрибутерите на струја и гас.

Ова беше особено значајно бидејќи евтиниот руски гас повеќе не пристигнува во Германија. Пазарните цени преку ноќ драстично се зголемија.

Министерот за финансии Кристијан Линднер сега по одлуката на судот најави укинување на кочницата на цената на енергетските производи од 1 јануари. Додуша, социјалдемократите и зелените – коалициони партнери на либералите на Линднер – имаат забелешки, па одлуката сè уште не е конечна.

Одлуката би значела дека купувачите на гас и корисниците на топлинска енергија од топланите повторно ќе треба да ја платат целосната стапка на ДДВ од 19 отсто. Привремено беше намален на седум отсто поради енергетската криза.

Ќе се зголемат и мрежните трошоци за корисниците на електрична енергија. Надоместокот за мрежа е цена за користење на електричната мрежа и изнесува околу 20 отсто од цената на електричната енергија.

Цените сè уште паѓаат
Добрата вест, сепак, е дека цените на гасот и електричната енергија за крајните потрошувачи продолжуваат да паѓаат. Цените на големо се речиси преполовени од почетокот на годината, а сега потрошувачите постепено почнуваат да го чувствуваат тоа.

Половина од локалните добавувачи на струја и гас најавија дека од Нова година ќе ги намалат цените, објави порталот Verivox.de, кој ги споредува цените на различни провајдери на пазарот.

Според таа анализа, од 1 јануари досега се најавени 430 намалувања на цените во просек за 13 отсто.

„За домаќинства од три лица со годишна потрошувачка од 4.000 киловат-часови, ова е намалување за околу 287 евра годишно. Вакви домаќинства во Германија има 16,5 милиони“, се наведува во експертскиот портал.

Истовремено, како што се додава, најавени се 55 поскапувања на струјата за околу пет отсто или во просек за околу 87 евра. Ова влијае на околу два милиони германски домаќинства.

Севкупно, 19 милиони домаќинства се лоцирани во основните области за снабдување со намалување на цените, а 1,9 милиони домаќинства во области каде што се очекува зголемување на цените на бензинот.

Советот е: Најдете нов добавувач
„Според нашите пресметки“, вели Лундквист Нојбауер, експерт за енергија на порталот Verivox, „потрошувачите треба релативно добро да се справат со укинувањето на кочницата на цената на енергијата поради сето ова“.

Без сопирачките, трошоците за електрична енергија во Германија ќе се зголемуваат во просек за само едно евро по домаќинство годишно, а трошоците за гас во просек за 26 евра, вели Нојбаер.

Но, дури и тоа не мора да се случи.

„Потрошувачите кои имаат постари договори често плаќаат премногу струја и гас“, посочува експертот и советува да се префрлат на друг давател за да се заштедат пари.

Сè на сè, ако се тргне кочницата на цената на енергенсите од Нова година, тешко ќе се забележат во просек цените на струјата и гасот со оглед на големите намалувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.