Шунка и кашкавал меѓу два слоја тиквички и презла

Љубителите на тиквички ова јадење ќе ги воодушеви, а останатите ќе ги предизвика да му дадат шанса.

Едноставните јадења секого освојуваат на прв залак, но освен поради вкусот луѓето ги освојува и леснотијата на подготвувањето на јадењата. Доколку сте љубител на тиквички, тогаш дефинитивно треба да го пробате овој рецепт. Помеѓу два слоја зеленчук се наоѓа кашкавал и шунка, а ова вкусно јадење можете да го служите и за ручек, но и за вечера. Состојките се евтини, а повеќето веќе ги имате дома.

Шунка и кашкавал меѓу два слоја тиквички и презла

Потребни состојки:
4 тиквички
3 јајца
1 младо кромитче
120 гр брашно
6 парчиња шунка (или друга салама)
кашкавал (вид по ваш избор)
1 лажичка прашок за печиво
маслиново масло
презла
сол
бибер
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат 20 минути, па потоа добро процедете ги. Соединете ги со јајцата, додадете им сечкан млад кромид, посолете и побиберете. Измешајте, па сипете брашно и прашок за печиво. Повторно измешајте. Огноотпорен сад намачкајте со маслиново масло, посипете со презла, па сипете половина од количината на смесата од тиквички и рамномерно распоредете ја. Над неа наредете шунка и кашкавал, па уште еден слој од смесата и истата израмнете ја. Посипете со презла, турете малку маслиново масло и печете во рерна на 200°C околу 40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.