Ѓоковиќ го напушта Монте Карло по повеќе од 10 години, еве каде ќе живее со семејството

Новак Ѓоковиќ го напушта Монте Карло по повеќе од 10 години и наскоро со семејството ќе се пресели на друг брег.
Првиот тенисер во светот се сели од даночниот рај каде што живеат многу спортисти, а со сопругата и децата го започнува животот во Шпанија, поточно во Марбеља.
Ѓоковиќ го откажа станот во Монте Карло, кој го изнајмуваше повеќе од 10 години, а одамна се вљуби во Марбеља, каде што остана минатата година, додека светот беше во карантин поради коронавирусот, кој е и град во кој неговиот брат Марко живее и работи долго време.
Но, основната причина за преселување е образованието на децата Стефан (6) и Тара (3), објавија медиумите.
Новак купи и вила вредна 6,4 милиони евра во овој крајбрежен град, а целиот имот зафаќа околу 3.500 квадратни метри. Новата куќа има се што му е потребно на врвен спортист: базен, огромна теретана, тениско игралиште, девет спални соби, осум бањи, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море … Куќата што ја купи, порано ја изнајмуваше за 10 000 евра месечно.
Марбеља се наоѓа во Андалузија, на крајниот југ на Шпанија. Има околу 140.000 жители и климата е одлична во текот на целата година.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.