Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз




Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Душан Лајовиќ ги исполнија условите според АТП рангирањето и го потврдија настапот на Олимписките игри.

Ова го соопшти Олимпискиот комитет на Србија (ОКС).

Ѓоковиќ и Лајовиќ со тоа го зголемија бројот на српскиот тим во Париз, кој сега изнесува 96.

Новак моментално се опоравува од операцијата на менискусот, повреда која ја доби на Ролан Гарос, а пред неколку дена објави дека почнал да тренира.

По потврдувањето на настапот на ОИ, се очекува одлука за учество на Вимблдон, кој му претходи на олимпискиот турнир.

За потсетување, олимпискиот тениски турнир ќе се игра на терените на Ролан Гарос.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: