Апликацијата ,,Мој воздух”, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, од рано наутро па се до сега покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во Ѓорче Петров.
Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и во Лисиче.
Другите вредности во скопскиот регион се во граница на нормалното, па е нејасно од што е загаден овој дел каде е поставена мерната станица или пак се работи за некаква грешка. Aпликацијата ,,Квалитет на воздухот“, поставена на веб страницата на Министерство за животна средина не работи.