Ѕвезда преку Партизан до седмата титула во АБА лигата


Црвена ѕвезда по двете победи на домашен терен беше подобра од градскиот ривал во првиот натпревар на гости со 82:76 (20:18, 22:20, 17:14, 23:24) и по три финални натрпевара со чисти 3-0 ја освои седмата шампионска титула во АБА лигата. Црвена ѕвезда ги освои сите трофеи од сезоната 2014/15. Партизан и натаму е рекордер со осум победи во АБА лигата.

Од самиот почеток на мечот Ѕвезда беше таа што ги диктираше настаните на паркетот и се чувствуваше дека така ќе биде уште по првиот напад. Бранко Лазиќ со одлична финта изнуди прекршок и погоди, а го следеа Дејан Давидовац и Немања Недовиќ, па Ѕвезда се одлепи на 12:4.

Впечаток е дека „црвено-белите“ можеа да го скршат мечот во своја полза, но на сцена стапи Алекса Аврамовиќ кој го доведе мечот во неизвесност – прво постигна пет поени и додаде асистенција, а во вториот дел во соработка со Бруно Кабокло им донесе нерешен резултат на „црно-белите“ 33:33. Сепак, Ѕвезда имаше одговор, преку Дејан Давидовац и Рокас Гидраитис ја задржа предноста, па на полувремето разликата беше 42:38.

Во вториот дел Партиза успеа да направат пресврт со „тројката“ на Аврамовиќ за 44:42, но тогаш дојде можеби клучниот момент на натпреварот. Милош Теодосиќ промаши шут за „тројка“, Зек Ледеј тргна во контра но згреши, Давидовац успеа да ја украде топката а Лазиќ со „тројка“ ја донесе Ѕвезда во предност од 45:44. Од тој момент „црвено-белите“ не ја испушти предноста која се искачи на десет поени (65:55). Во тие моменти заигра Данило Анѓушиќ, погоди три слободни фрлања по фаулот на Јаго дош Сантуш, а за три поена беше прецизен Матеус Понитка, па разликата се намали на 70:68 пред Теодосиќ да погоди „тројка“ за 73:68.

Следуваше серија промашувања од слободни фрлања на играчите на Звезда, што му даде надеж на Партизан, а ситуацијата стана критична за црвено-белите кога Аврамовиќ повторно ги покажа своите вонредни квалитети кога погоди тројка за 78:75, а потоа, со својата одбраната, му донесе напад на својот тим за израмнување. Сепак, Смит беше само половичен од пенал, а Недовиќ стави точка на победата на тимот од Мал Калемегдан.

Ѕвезда ја предводеа Митровиќ и Гидраитис беа предводници со по 12 поени, а Јаго додаде 11. Аврамовиќ постигна 17, а Андушиќ 13 кај Партизан. Јаго дош Сантуш е прогласен за МВП на финалната серија.

Пронајдете не на следниве мрежи: