Јадете брзо или споро? Што се случува со телото кога јадете пребрзо?

Она што го внесуваме во телото не е единственото нешто што е важно. Начинот на којшто ја јадеме храната претставува подеднакво важен момент.
Во некои култури заедничкиот оброк има статус на мала прослава и може да трае со часови. Нашето секојдневие (со исклучок на ретките семејни ручеци) изгледа сосема поинаку.
Работата, брзото и напорно темпо на животот, многубројните обврски прават да имаме многу малку време за јадење. Најчесто јадеме нешто набрзина, „од нога“, прескокнуваме оброци, а сите овие се лоши навики.
На почетокот на истражувањето спроведено во Јапонија кое опфатило повеќе од 5000 учесници, истите биле поделени во 3 групи: брзи, нормални и спори јадачи. Ниту еден од нив на самиот старт немал никакви болести ниту пак тегоби со желудникот.


По 5 години, испитаниците морале сите да се појавата на лекарски преглед.
Еве ги резултатите: Кај брзите јадачи постоела 89% поголема веројатност за развој на еден од четирите метаболички синдроми. Тие се нарекуваат уште и „смртоносниот квартет“, а во него се вбројуваат: дебелина, нарушувања на метаболизмот на мастите (висок холестерол), висок крвен притисок и отпорност на инсулин (развој на дијабетес тип 2).
Освен сериозни здравствени проблеми, брзите јадачи имале и вишок на килограми. Иако вишокот на килограми често пати навидум нè мачи само како естетски проблем, дебелината секако е подлога за развој на одредени болести.


Кога луѓето јадат премногу брзо немаат чувство на ситост и продолжуваат да јадат. На тој начин внесуваат многу повеќе храна отколку што навистина му е потребно на организмот.
Имено, откако желудникот ќе се наполни на човечкиот мозок му се потребни од прилика 10-тина минути да ни сигнализира дека сме сити и дека треба да престанеме да јадеме. А колку навистина може да се изеде во тие 10 минути доколку продолжиме брзо да јадеме?!
Сите оние кои внимаваат на своето здравје и тежината, треба да внимаваат што внесуваат во телото, но и колку брзо ја јадат храната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.