Десеттина китови биле снимени со дрон кај островот Вис. Во потрага по храна, тие најчесто доаѓаат на Јадранот.
Речиси нереална снимка пристигнува од островот Вис каде биле снимени десеттина китови.
„Тоа го снимивме вчера. И уште едно видео каде може подобро да ја видите поточната позиција каде се снимени. Прво снимивме група од 3-4 единки, по 15-на минути забележавме уште една со слична големина. Ова видео е направено 20-на минути откако две јата се споија и тука ги има околу 10 единки“, изјавил Бранимир Биочиќ за „Морски ХР“ којшто присуствувал на оваа неверојатна сцена.
Тоа е вид кит наречен голем северен кит. Тој е најблизок до синиот кит и после него следното најголемо животно на Земјата.
„Кога почнавме да ја снимаме првата група и ѝ пријдовме со дрон, тие нурнаа и не се појавија околу 10 минути. Возевме по нив затоа што не беа далеку од нас“, изјавил Биочиќ.
Големите северни китови се заштитени со закон и се наоѓаат на листата загрозени видови. На Јадранот најчесто доаѓаат по потрага по храна, најчесто по ситни, сини риби и планктони. Големиот северен кит е со просечна должина од 20 метри и е тежок 70 тони.
„Во текот на ловењето, на видеата од дрон доживеавме неверојатна убавина на островот Вис од птичја перспектива. Снимајќи го кристалното чисто море и крајбрежјето, бевме сведоци на импресивна сцена со китови во нивна природна состојба. Бевме хипнотизирани“, изјавил Стефан Торес за „24 сата“, човекот којшто го направил видеото.
Китовите живеат во групи од 5 до 10 животни. Во времето пред големиот лов на китови, постоеле групи китови до 300 животни. Овој вид китови побрзо и подлабоко нуркаат од поголемиот дел на другите големи китови.