Јанева ќе биде задржана на лекување во “Жан Митрев“ клиниката

Катица Јанева ќе биде задржана на лекување во “Жан Митрев“, објави ТВ“Телма“. По нејзино барање таа утрово беше однесена во приватната болница на преглед, каде според извори од истрагата е задржана.
„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша“, рекла адвокатката Фрчкоска пред Јанева да биде задржана во болница.
Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.
Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова барање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.