Јани Атанасов потпиша три ипол години во полска Краковија!

Атанасов во Краковија доаѓа од сплитски Хајдук, шест месеци пред да му истече договорот со „билите“, а според најавите од Хрватска трансферот ќе чини до 300.000 евра. Атанасов денеска ги мина лекарските прегледи и сега го потпиша договорот до јуни 2026 година.

Струмичанецот кој е дете на Академија Пандев, во кариерата играше уште за турска Бурсаспор, од каде во летото 2020 година се пресели во Сплит. Тој е поранешен младински репрезентативец, а од минатата година влезе во сениорската репрезентација на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: