Јанушев: Бугарите во Уставот не се проблем

Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, е гостин во „Дејли Клик“ на ТВ21. Тој кажа дека внесувањето на Бугарите во Уставот воопшто не е проблем, туку гаранции дека тоа ќе биде последно барање.

„Бугарите во Уставот не е проблем. Она што го бараме, е да имаме гаранции, дека нема понатаму да излезат 150 барања. Ова е тоа што е последно, и после тоа нема да има дополнителни барања. Ова е преседан, ниту една членка на ЕУ, ниту една земја која преговара во ЕУ, не и биле наметнати билатерални проблеми, решавање на истите како еден од условите за влез во Унијата“, рече Јанушев.

Пронајдете не на следниве мрежи: