Јапонската влада даде зелено светло за изградба на првото казино во земјата. Ќе биде дел од интегрираното одморалиште кое ќе се отвори во Осака во 2029 година.
Интегрираниот ресорт ќе вклучува казино, конференциски центар, изложбена сала, хотел и театар на површина од 49 хектари.Овој проект ќе чини 8,1 милијарди долари.
Локалната градска власт очекува одморалиштето да привлече 20 милиони туристи и да генерира 520 милијарди јени (3,9 милијарди долари) годишно.
Премиерот Фумио Кишида рече дека „интегрираното одморалиште е важно за да привлече многу туристи, домашни и странски, за да го направи местото туристички центар за да се пренесе шармот на Јапонија и да се постигне целта нацијата да биде повеќе ориентирана кон туризмот“.
Азија и нејзините казина забележаа голем пад на туристи и покажуваат релативно бавно закрепнување во споредба со градови како Лас Вегас. Меѓутоа, Осака очекува 70% од посетителите на одморалиштето во првите три години да бидат домашни. Тоа е помалку од еден час оддалечено од Кјото, популарно место за туристите. Што секако претставува голема предност за овој комплекс.
Јапонската јавност се спротивстави на изградба на казино во минатото, иако се чини дека е формиран политички консензус околу лиценцирањето на соодветно регулираното коцкање како средство за привлекување повеќе туристи.